< назад

Преноси од Европското првенство во карате, Пореч 2021

Европското сениорско првенство во карате што ќе се одржи од 19-23.05.2021 година во Пореч, Хрватска ќе го привлече вниманието на сите љубители на овој спорт. Сите рунди на сите четири татами за време на елиминациските рунди ќе бидат достапни ВО ЖИВО на WKF YouTube каналотна следниот линк: https://notice.wkf.net/c/qjd2n/wn51balp/5j1hibnrpjq

Преносот во живо ќе ги опфати сите активности од елиминациските рунди кои се закажани во среда, 19 мај во 10:00 часот а ќе завршат во петок, 21 мај со церемонијата на отворање во 17:00 часот. Финалните борби се закажани во сабота, 22 мај од 09:30 до 20:00 часот, и екипните настапи кои ќе започнат во недела, 23 мај, од 09:00 до 14:30 часот.

За да ја погледнете програмата и распоредот за натпреварување посетете го следниот линк: https://notice.wkf.net/c/qjd2n/wn51balp/zid52tysska