< назад

Подготовки на сениорската репрезентација на Македонија

Од 26-29. април оваа година се одржа втората фаза на финалните подготовки за престојното Европско првенство за сениори кое ќе се одржи во Тенерифе – Шпанија од 10-12.мај оваа година. Подготовките се одвиваа во хотелот Макпетрол во Струга под водство на тренер-селекторот на сениорската репрезентација Бошко Заборски и неговиот заменик Мирче Јанушевски. На овие подготовки учествуваа и репрезентативците на Црна Гора под водство на селекторот Фатич Драгољуб. Заедничките подготовки беа договрени помеѓу Бошко Заборски и Фатич Драгољуб.
За време на вториот дел од подготовките се одржаа седум заеднички тренинзи.
На подготовките беа сите репрезентативци кои ќе учествуваат на Европското првенство и тоа:
Наташа Илиевска, Жарко Арсовски, Огнен Груевски, Мартин Несторовски, Иво Цветковски , Ферат Корбуличи, Берат Јакупи, Сашко Патраклиев, Моника Стефановска, Ико Ташев, Мери Андонова и Тодор Ристевски
како и соодевтен број на спаринг партнери и тоа:
Симона Заборска, Сара Радичевска, Наталина Синдилиева, Румена Балшевска, Спасо Илиевски и Богдан Мицов.

Претходниот викенд од 19-22.април, на истатта локација, репрезентативците одржаа девет заеднички тренинзи.

После ова, во периодот од 02-06.мај 2012 год., на истото место, Македонските репрезентативци ќе го реализираат третиот дел од подготовките со што ќе се постигне максимална подготвеност за настап на Европското првенство.