< назад

Подготовки на кадетско - јуниорската репрезентација пред настапот во Аалборг, Данска

Во салата на ОУ Гоце Делчев се одржаа викенд подготовки пред настапот на Европското првенство за кадети јуниори и У21 во Алборг, Данска. Под водство на тренерите на државните репрезентации Александар Кузмановски (кадети и јуниори) и Арлинд Хусеини (помлади сениори-У21). На завршните подготовки беа сите натпреварувачи кои ќе настапат првенството.

Главен акцент на тренингот, беше тактичкиот дел. Селекторите на крајот истакнаа дека се задоволни од подготвеноста и формата на натпреварувачите.