< назад

Подготовки на Фахик Весели во Дојран за настап на МОИ Буенос Аирес

Завршена е уште една етапа од подготовките на Фахик Весели за настап на Младинските олимписки игри во Буенос Аирес во категоријата до 61 килограм.

Македонскиот олимпиец заедно со својот стручен тим предводен од државниот тренер во борби за кадети и јуниори Александар Кузмановски и Кристијан Младеновски, како и спаринг партнерите Марио Свинарски, Столе Смилковски и Христијан Стојановски изминатите седум дена беа на базични подготовки во хотелот Истатов во Дојран.

Овие подготовки беа со цел подигнување на формата воочи МОИ, како и анализа на противниците со кои Весели ќе се сретне на турнирот.

Гостин на подготовките беше Европскиот шампион во -60кг. Емил Павлов, кој одработи неколку тренинзи со Весели.

Утре тимот на Весели заминува за Лвов, Украина каде ќе има заеднички тренинзи со селекторот на карате репрезентацијата на Украина Антон Никулин и учесникот на МОИ од оваа земја Роберт Ширјан.

Младинските олимписки игри во Буенос Аирес ќе се одржат во периодот од 6 до 18 октомври оваа година.