Во спортската сала „Бранители 2001“ во Крива Паланка се одржа Државното првенство за деца, на кое учествуваа 283 натпреварувачи од вкупно 52 клуба.
Салата „Бранители 2001“ и општината Крива Паланка како град допринесоа за високиот квалитет на турнирот и ја потврдија довербата да бидат домаќини.
На Државното првенство беше присутен и претседателот на Карате федерацијата на РС Македонија, Петар Белистојаноски како и градоначалникот на општина Крива Паланка Сашко Митовски, кој го отвори првенството а на сите натпреварувачи им посака успех во нивната спортска кариера.
Државното првенство беше изборен турнир за учество на Балканскиот шампионат кој ќе се одржи во Бар, Црна Гора во периодот од 26 до 28 мај.
Резултатите од Државниот турнир за деца можете да ги проследите на следниот линк:
https://www.sportdata.org/karate/set-online/popup_main.php?popup_action=results&vernr=7207&active_menu=calendar