< назад

Одржани подготовките пред светското првенство за кадети, јуниори и У21 - Коња, Турција

Во салата при ООУ „Гоце Делчев“ во населбата Лисиче во Скопје денес се одржа заеднички тренинг пред претстојното светско првенство за кадети, јуниори и помлади сениори У21 што ќе се одржи од 26-30.10.2022 година во Коња, Турција. На истиот беа поканети сите репрезентативци кои ќе настапат на ова првенство. Натпреварувачите имаа можност да одржат тренинзи во дисциплините кати и како и спаринг борби со повеќе противници во дисциплината кумите, под водство на селекторите од соодветните возрасни категории како и во присуство на претседателот на федерацијата Петар Белистојаноски и директорот на репрезентацијата Арлинд Хусеини. Настанот беше одлична можност за размена на повеќе тренерски искуства.