< назад

Одржан зимскиот судиско - тренерски семинар

Во организација на Судиската комисија на Карате федерацијата на РС Македонија во периодот од 16.09 до 18.09.2022 година во Скопје се одржа летниот судиско-тренерски семинар за 2022 година. Предавач на семинарот беше нашиот истакнат светски судија Боби Војдиновски.

На истиот беа демонстрирани новите светски правила во каратето кои се применуваат од почетоков на годинава во кати и кумите, кои ќе важат на сите наредни официјални натпревари, вклучително и на Светското првенство за кадети, јуниори и помлади сениори У21 што ќе се одржи од 26 до 30 октомври 2022 година во Газиантеп, Турција.

Ова е редовен семинар на КФРСМ на кој се лиценцираат тренери и судии од национален степен.

На семинарот беа присутни Александар Кузмановски, тренер-селектор на државна репрезентација во кумите и Стојан Андриевски тренер-селектор на државната репрезенација во кати како и претседателот на Судиската комисија на КФМ Благој Атанасов. Предавањата се одржаа во салата за седници Семинарот се одржа во салата за седници на Советот на Општина „Гази Бабана“ додека практичниот дел и полагањетона судиите во карате центарот КК „Олимпик спорт 2007“ во населбата Лисиче во Скопје.