< назад

Одржан зимскиот судиско - тренерски семинар

Во организација на Судиската комисија на Карате федерацијата на Македонија во периодот од 28.01 до 30.01.2022 година во Скопје се одржа судиско-тренерски семинар. Предавач на семинарот беше истакнатиот светски судија од Србија, г-динот Милан Ковачевиќ.

На истиот беа демонстрирани новите светски правила во каратето кои се применуваат од почетоков на годинава во кати и кумите, кои ќе важат на сите наредни официјални натпревари, вклучително и на Светското првенство во Газиантеп, Турција 2022 година.

Ова е редовен семинар на КФМ на кој се лиценцираат тренери и судии.

На семинарот беа присутни Александар Кузмановски, тренер-селектор на државна репрезентација во кумите и Стојан Андриевски тренер-селектор на државната репрезенација во кати како и претседателот на Судиската комисија на КФМ Благој Атанасов. Семинарот се одржа во салата на КК Олимпик спорт 2007 во населбата Лисиче во Скопјеац.