Денес во салата при ООУ „Гоце Делчев“ во населбата Лисиче во Скопје се одржа заеднички тренинг под наслов „Ден за карате“. На истиот беа поканети сите клубови членки на Карате федерацијата на РС Македонија заедно со своите тренери и натпреварувачи од сите возрасни категории. Натпреварувачите имаа можност да одржат тренинзи во дисциплините кати и како и спаринг борби со повеќе противници во дисциплината кумите, под водство на селекторите од соодветните возрасни категории како и во присуство на своите клубски тренери. Настанот беше одлична можност за размена на повеќе тренерски искуства.
Во рамките на настанот „Ден за карате“, тренерите имаа и заеднички состанок со претседателот Петар Белистојаноски директорот на репрезентацијата Арлинд Хусеини, на кој воглавно се слушнаа предлози и мислења за измана и дополна на правилникот за работа на национални репрезентативни селекции на КФРСМ. Состанокот помина во работна и конструктивна атмосвера а за сите дадени предлози, претседателот напомена дека истите ќе бидат земени во предвид при изработка на предлог текст за новиот правилник, кој доколку биде прифатен од сите клубови, ќе биде предложен на изјаснување до членовите на ИО на КФРСМ.