< назад

Одржан судиско - тренерски семинар во Скопје

Во организација на Судиската комисија на Карате федерацијата на Македонија во периодот од 01.02 до 03.02.2019 година во Скопје се одржа судиско-тренерски семинар. Предавач на семинарот беше поранешниот претседателот на Судиската комисија на Европската карате федерација, г-динот Примож Дебенак.

На истиот беа демонстрирани новите светски правила во каратето кои се применуваат од почетоков на годинава во кати и кумите, кои ќе важат на сите наредни официјални натпревари, вклучително и на Олимписките игри во Токио 2020 година.

Ова е редовен семинар на КФМ на кој се лиценцираат тренери и судии.

На семинарот беа присутни Сашко Арсовски, тренер на државна репрезентација за сениори и Бошко Заборски, помошник тренер. Семинарот се одржа во салата на КК Макпетрол.