< назад

Oдложено Европското првенство во Баку

Поради мерките за заштита и ширење на корона вирусот COVIT-19, Европското првенство за сениори закажано во Баку од 25-29 март е откажано.

Претходно од истите причини се одложени и следниве турнири:

1. Балканското првенство во карате за деца што требаше да се одржи од 24 - 26 април во Истанбул, Турција.

2. Клубскиот карате турнир Фунакоши Гичин кој требаше да се одржи на ден 14.03.2020 во Скопје..

3. 28миот Медитерански карате шампионат за кадети, јуниори и постари јуниори У21 кој беше предвиден да се одржи од 03-05 април во Кипар, Никозија

За датумите на одржување на овие првенства дополнително ќе бидете известени.