По серијата откажувања на натпревари предвидени во календарот за 2020 година на Светската карате федерација како што се европското првенство за сениори, квалификацискиот турнир во Париз, Премиер лигите во Рабат и Мадрид, Младинските лиги во Лимасол и Пореч, во текот на вчерашниот ден WKF информира дека и Премиер лигата во Москва која беше предвидена да се одржи од 02-04.10.2020 година се одложува поради ситуацијата со пандемијата COVID-19.
За потсетување, минатата година на Премиер лигата во Москва, Емил Павлов освои златен медал во категорија -60 килограми.