По одложување на летните Олимписки игри во Токио, Светската карате федерација (WKF) го одложи завршниот Квалификациски карате турнир за обезбедување на олимписки норми. Турнирот првично требаше да се одржи од 8 до 10 мај во Париз, но поради пандемијата беше поместена во термин 26 до 28 јуни. Откако отпадна можноста Олимписките игри да се одржи ова лето, и квалификацискиот карате турнир ќе биде презакажaн на соодветен датум, тогаш кога и официјално ќе се знае точниот период на одржување на олимпијадата во Токио.
Одложен квалификацискиот карате турнир за Токио 2020
