< назад

Одбројувањето за најголемиот настан во карате започна

Започна одбројувањето за најголемиот настан во каратето. За една година, новите светски шампиони ќе бидат крунисани кога Светското првенство во карате во 2021 година ќе биде отворено за точно 365 дена.

Дубаи е домаќин на 25-тото издание на Светското првенство во карате. Настанот требаше да се одржи во 2020 година, но беше одложен за 2021 година, поради пандемијата од коронавирусот. Најголемиот настан во каратето ќе го привлече вниманието на љубителите на овој спорт од 16ти до 21ви ноември 2021 година.

Турнирот ќе се одржи во прекрасната „Кока-Кола“ Арена во Дубаи, една од најнапредните спортски сали во светот. Со капацитет за 17.000 гледачи, „Кока-Кола“ Арената се очекува да стане совршена подлога за продолжување на извонредниот напредок на овој спорт.

Организиран три месеци по очекуваното олимписко деби на овој спорт на Олимписките игри во Токио, Светското првенство во Дубаи ќе започне во вторник, 17ти ноември 2021 година со елиминациските рунди. Нокаут фазите на турнирот ќе се одржат од вторник, 17ти до петок, 20ти ноември, а церемонијата на отворањето треба да се одржи во четврток, на 19ти ноември. Медалистите ќе бидат крунисани на мечевите за медали закажани за сабота, 21ви и недела, 22ри ноември.

Покрај сензационалната изложба на каратето, 25-тото Светско првенство ќе има уште повеќе причини да не се пропушти бидејќи турнирот е вклучен во програмата за активности на најголемиот меѓународен настан годинава во ЕКСПО Дубаи.

Последното издание на Светското првенство во карате се одржа во Мадрид (Шпанија) во 2018та година. Речиси 1200 спортисти од 131 земја учествуваа на настанот со рекорден број на учесници. Турнирот беше пренесуван во 182 земји со милиони гледачи кои го следеа настанот преку ТВ преноси како и на социјалните мрежи.

За повеќе информации посетете ја страната на wkf.net.