< назад

Ненад Келебиќ бронзен на Медитеранските игри во Тарагона

Ненад Келебиќ го освои бронзениот медал во категоријата до 67кг. на Медитеранските игри кои се одржуваат во Тарагона, Шпанија.


Келебиќ стигна до бронзениот медал, откако во мечот за третото место поради прв освоен поен го совлада Португалецот Жоаким Мендес. Во главната фаза Келебиќ беше подобар од Мароканецот Ајуб Закариа со 9-7 , а загуби од Турчинот Бурак Ујгур со 3-0.

Европскиот шампион во -60кг. Емил Павлов во мечот за бронзата загуби од Турчинот Ерај Самдан со 3-1. Во главниот ждреб Павлов во 1. коло го совлада Оргес Арифи од Косово со 3-1, во втората своја борба со минимални 1-0 беше подобар од Французинот Јохам Лопез, а во полуфиналето загуби од Абдесалам Амекнаси од Мароко со 2-1. 

Кај дамите, Ангела Мојсовска во првото коло ја совлада Сандра Фернандез Ервер од Андора, а во второто коло загуби од Нада Мохамед од Египет. Симона Заборска својот настап во категоријата до 55кг. во Тарагона го заврши со два порази од Туба Јакан од Турција со 2-1 и Сара Кардин од Италија со 3-0.

Каратистите на Македонија беа дел и од свеченото отворање на Медитеранските игри во Тарагона, Шпанија, а Европскиот шампион Емил Павлов ја доби честа да биде знаменосец на македонската експедиција.