< назад

Настап на Пулексенија Јованоска на Олимписките игри „Токио 2020“

Нашата најдобра натпреварувачка во кати Пулексенија Јованоска во 03:00 часот по полноќ ќе настапи во Нипон Будокан центарот на Олимписките игри во Токио.

Пулексенија е во групата А заедно со Сандра Санчез од Шпанија, Сакура Кокумаи од САД, Мо Шеунг Грејс Лау од Хонгконг и Јасмин Јуетнер од Германија.

Настапите на нашата олимпијка ќе бидат директно пренесувани на МТВ 1 и во реприза утре попладне, а како стручен коментатор е повикан нашиот најдобар судија Боби Војдиновски.

На следниов линк можете да ги погледнете распоредите за настап и да се информирате за резултатите од настапите во карате:

https://olympics.com/tokyo-2020/olympic-games/en/results/karate/olympic-schedule-and-results.htm