< назад

Нашите каратисти заминаа на Премиер лигата во Берлин

Нашите каратисти заминаа за Берлин, Германија каде од 14 до 16 септември ќе се одржи Премиер лигата.

Премиер лигата во Берлин е една од најсилните во календарот на WKF, а за нашите каратисти претставува последно критериумско натпреварување во изборот на репрезентацијата која ќе настапи на Светското првенство во Мадрид на почетокот на ноември.

Согласно критериумите за настап на Премиер лигата во Берлин, право за настап имаат каратистите кои се наоѓаат меѓу 100 најдобри во својата категорија на ВКФ ранг листата.

На турнирот пријавени се вкупно 763 натпреварувачи од вкупно 72 земји, а Карате федерацијата ќе ја претставуваат 15 каратисти.

Список на учесници на Премиер лигата во Берлин, Германија:
1. Драгана Манговска -50кг.
2. Сара Радичевска -50кг.
3. Симона Заборска -55кг.
4. Јована Георгиева -55кг.
5. Наташа Стефановска -61кг.
6. Вероника Костовска -61кг.
7. Ангела Мојсовска -68кг.
8. Моника Стефановска -68кг.
9. Емил Павлов -60кг.
10. Петар Заборски -75кг.
11. Берат Јакупи -84кг.
12. Петар Спасеновски -84кг.
13. Виктор Крстевски -84кг.
14. Мартин Несторовски +84кг.
15. Жарко Арсовски +84кг.