< назад

Нашите каратисти кои се наоѓаат меѓу првите 100 на WKF ранг листата на подготовки во Банско, Бугарија

На предлог на тренерите на државната репрезентација во борби и кати, Карате федерацијата на Македонија обезбеди подготовки во Банско за сите македонски каратисти кои се наоѓаат меѓу најдобрите 100 во својата категорија на WKF ранг листата. Покрај тренерите на државната репрезентација, обезбеден е и кондициски тренер, како и помошник на Сашко Арсовски во борби.

Овие подготовки се за претстојното изборно првенство за настап на Светското првенство во Мадрид, Шпанија, како и за Премиер лигата во Берлин, Германија, на која токму првите 100 на WKF ранг листата имаат право на настап.

Дел од подготовките е и учесникот на Младинските олимписки игри во Буенос Аирес, Фахик Весели, заедно со тренерот на државната репрезентација во борби за кадети и јуниори Александар Кузмановски, со цел што подобро да се подготват за настап на МОИ.

 

Список на учесници на подготовките во Банско, Бугарија:

1.    Сашко Арсовки – тренер на државна репрезентација во борби

2.    Стојан Андриевски – тренер на државна репрезентација во кати

3.    Бошко Заборски – помошник тренер на државна репрезентација во борби

4.    Крсте Војнески – кондициски тренер

5.    Сара Радичевска  

6.    Симона Заборска

7.    Јована Георгиева 

8.    Ангела Мојсовска 

9.    Моника Стефановска 

10.  Пулексенија Јованоска 

11.  Емил Павлов 

12.  Ненад Келебиќ 

13.  Димитар Илиевски 

14.  Ферат Корбулиќи 

15.  Енес Смаилагиќ 

16.  Петар Заборски 

17.  Берат Јакупи 

18.  Петар Спасеновски 

19.  Жарко Арсовски 

20.  Мартин Несторовски 

21. Александар Кузмановски - тренер на државна репрезентација во борби за кадети и јуниори 

22. Фахик Весели