< назад

Најмладите македонски каратисти вчера пристигнаа во Белград каде од 27 до 29 април ќе се одржи Балканското првенство за деца

Делегацијата на Карате федерацијата на Македонија вчера пристигна во Белград, Србија каде од 27 до 29 април ќе се одржи 23. Балканско првенство за деца.


На шампионатот ќе настапуваат вкупно 796 натпреварувачи од 10 земји. Македонија ќе ја претставуваат вкупно 102 каратисти во сите тежински категории како и кати.


Пласман на Балканското првенство за деца обезбедија четирите првопласирани каратисти во секоја тежинска категорија како и ката, на државниот шампионат за деца кој се одржа во салата Јасмин во Кавадарци.