< назад

Најмладите македонски каратисти со успех се вратија од детското балканско првенство во Бања Лука

Успешен настап на нашите најмлади каратисти на 24-тиот Балкански шампионат за деца кој се одржа во Бања Лука, Босна и Херцеговина од 31.05 до 02.06.2019 година на кој учество земаа 10 земји каде со вкупно 1029 пријави претставува рекорд за балканско првенство за деца. Нашите надежи на ова првенство освоија .2 златни, 2 сребрени и 6 бронзени медали.

Редоследно во категорија борби:
- Недим Шаќири 13 години, -40кг златен медал, (машки);
- Дамјан Митревски 10 години, -30кг сребрен медал (машки);
- Драгана Ефтимовска 11 години, -36кг бронзен медал (женски);
- Вениса Думани 13 години, -49кг бронзен медал (женски);
- Тамара Ѓурчиновска 13 години, -54кг бронзен медал (женски);
- Вукашин Јовановиќ 13 години, -45 кг бронзен медал, (машки).

Во категорија кати индивидуално:
- Анастасија Минговска 13 години, златен медал, (женски);
- Марија Бунтевска 13 години, сребрен медал, (женски);
- Нуредин Дервиши 11 години, бронзен медал, (машки).

Во категоријата ката тим нашите натпреварувачки во женска конкуренција Цветковска, Филиповска и Ристовска од возрасната категорија 10-11 години го освоија 3тото место.