< назад

Мишела Димоска и Моника Пендароска со злато на првиот ден на Балканскиот шампионат во Херцег Нови, вкупно 13 медали за Македонија

На првиот ден од Балканското првенство за Кадети, јуниори и помлади сениори У21 кое се одржува во Херцег Нови, Црна Гора, Карате репрезентацијата на Македонија освои 13 медали од кои две злата, 5 сребра и 6 бронзи.

Во македонската дисциплина, Ката помлади сениорки У21 сестрите близначки Мишела и Маријана Димоски се радуваа на златниот и сребрениот медал. Во големото финале Мишела беше подобра од својата сестра со 3-2. На патот до финалето Мишела натпреварите против Влерона Шала од Косово, Ања Лончар од Хрватска и Миа Рогановиќ од Црна Гора ги доби со максимални 5-0. Маријана пак во 1. и 2. коло со 4-1 беше подобра од Александра Јанковиќ од Србија и Маша Симониќ од Словенија со 4-1, додека во ½ финалето ја совлада Јована Мариќ од Црна Гора со 3-2. Во оваа категорија свој настап имаше и Теодора Цветковска која загуби во 1. коло од Теодора Периќ од Босна и Херцеговина.

Вториот златен медал на Карате репрезентацијата на Македонија на Балканскиот шампионат и го донесе Моника Пендаровска во категоријата Кумите помлади сениорки У21 -55 килограми. Во големото финале по судиска одлука нашата каратистка беше подобра од Анџела Солдо од Босна и Херцеговина. До финалето Пендаровска беше подобра од Александра Вујасиновиќ од Србија и Барбара Хаберл од Словенија. Со бронзата во оваа конкуренција се заќити Крстевска Сара која во репасажот ја совлада Глорија Олиќ од Хрватска со 1-0.

Кај помладите сениори У21 ката Фери Исиќ го освои бронзениот медал откако во последниот натпревар од репасажот го совлада Лука Бокарица од Хрватска со 3-2, претходно Исиќ загуби од новиот Балкански шампион Србинот Јован Симиќ.

Свој настап во кати У21 помлади сениори имаа и: Глигор Станоев кој стигна до 2. коло, како и Огнен Тодороски и Реџеп Мустафовски кои испаднаа во 1. коло.

Двајца медалисти Македонија доби и во категоријата Ката кадети. Александар Неделковски се закити со сребрениот медал, додека Марко Бунтески ја освои бронзата. Неделковски во првото коло беше слободен, во второто го совлада Филип Бакиќ од Црна Гора со 3-2. Во 3. Коло беше подобар од Кристијан Клеменчиќ од Словенија со 4-1.  Во полуфиналето Неделковски го совлада Дамир Бајрамовиќ од Хрватска со убедливи 5-0, додека во финалето загуби од Турчинот Енес Оздемир со 5-0. Бунтески во второто коло го совлада Душан Петровиќ од Црна Гора со 5-0. Иако беше поразен во третото коло од шампионот Енес Оздемир со 5-0, преку репасажот и победите над Ајдин Силјак со 5-0 и Стерниша Нејц со 4-1 се закити со бронзениот медал. Свој настап во оваа дисциплина имаа и Кристијан Бајовски кој стигна до 3. коло и Александар Дуков кој беше поразен уште во 1. коло.

Со сребрениот медал се закити Вероника Костовска кај помлади сениорки У21, Кумите -61 килограм. Костовска во финалето загуби од Марина Бараќ од Хрватска со минимални 4-3. Претходно на патот до финалето нашата каратистка ги совлада Катарина Јелачиќ од Хрватска и Јована Марковиќ и Тамара Живиќ од Србија. Во првото коло во оваа дисциплина Деспина Димитровска беше поразена од Марина Бараќ од Хрватска со 1-0. 

Во големото финале загуби и Ангела Мојсовска кај помлади сениорки У21 – 68 килограми од Анита Тадиќ од Босна и Херцеговина со 5-1. До финалниот натпревар Мојсовска беше подобра од Ирена Прга од Хрватска, Сара Рољиќ од Босна и Херцеговина, како и втората македонска претставничка во оваа категорија Емилија Јаниќ со 1-0. Јаниќ исто како и Бојана Манева завршија на 5. место на шампионатот откако во мечевите за бронзата загубија од Ирена Прга од Хрватска и Радмила Вукеља од Србија.

Владанка Аврамова со победата во репасажот над репрезентативката на Босна и Херцеговина Јосипа Аџиќ со 3-2 ја освои бронзата во категоријата Ката кадетки. Претходно, во првото коло Аврамова беше слободна, во второто коло ја совлада Сања Рацановиќ со 5-0. Со истиот резултат беше поуспешна и во 3. коло против Србинката Мина Месиќ, додека во 4. коло загуби од Турчинката Ајсе Јилмаз со 5-0. Во истата дисциплина свој настап имаше и Јована Манчевска која во 1. коло беше поразена од Црногорката Анџела Лапчиќ.

Македонија свои претставници имаше и во јуниорска категорија кати. Јован Васиќ го освои бронзениот медал, откако во репасажот го совлада Ален Рубчиќ од Хрватска со 5-0. И вториот наш претставник во оваа категорија стигна до репасажот каде што во првото коло беше поразен токму од противникот на Васиќ, Ален Рубчиќ со 5-0. Стојан Илиевски и Георги Бановски загубија во 2. коло. Кај јуниорките Лина Димеска се пласираше во 3. коло, додека Матеа Талеска и Кириана Камческа го завршија својот настап во 2. коло.

Марија Петровска го освои сребрениот медал, додека Марија Милева се радуваше на бронзата во категоријата Кумите -54 кг кадетки. Петровска до финалето стигна со победите над Ема Стивиќ од Хрватска со 2-0, Катарина Џорџевиќ од Србија по судиска одлука, Азра Дахалиќ од Босна и Херцеговина со 3-0 и Ивана Каменова по судиска одлука. Во финалето Петровска загуби од Тихана Сулек од Хрватска со 4-0. Милева преку репасажот го освои бронзениот медал откако ги совлада Хана Дебељак од Словенија со 4-1 и Милица Јекниќ од Црна Гора со 2-1. Претходно во 3. Коло и Милева загуби од шампионката Тихана Сулек со 5-4. Настап во оваа категорија имаа и Емилија Чешмеџиева која стигна до 3. коло и Лориана Рамо која беше поразена во 1. борба.

Кај помладите сениорки У21 во Кумите -50 килограми, Драгана Манговска загуби во натпреварот за бронзата од Катарина Сусаќ од Босна и Херцеговина со 2-0. Во првото коло во Кумите -50 килограми својот настап го заврши Слободанка Стефановска.

Симона Симовска загуби во натпреварот за бронзениот медал во категоријата Кумите јуниорки +59 килограми од Србинката Софија Симовиќ со 2-0. Во првото коло во репасажот Ева Блажевска загуби од Ахлин Керсиќ од Словенија со 2-0. Во 3. коло во оваа дисциплина својот настап го заврши Сајра Морина, додека на самиот старт загуби Сара Илиевска.

Кај помладите сениорки У21 во Кумите -50 килограми, Драгана Манговска загуби во натпреварот за бронзата од Катарина Сусаќ од Босна и Херцеговина со 2-0. Во првото коло во Кумите -50 килограми својот настап го заврши Слободанка Стефановска.

Во категоријата Кумите кадетки +54 килограми Македонија на Балканското првенство имаше три преставници. Јовановска Викторија стигна до 3. коло, додека во 2. коло беа поразени Магдалена Божиновска и Зана Џеладини.

Кај јуниорките до 59 килограми Вјолца Гафури стигна до 2. коло, додека на самиот старт настапот го завршија Дора Сибиновска и Кендреса Феризи.

Свој настап на шампионатот имаа и Букурије Селими и Вероника Кукеска кои во категоријата Кумите кадетки -47 кг. жени загубија во 1. коло. Во истата фаза својот настап го завршија и Верона Ајдини и Илира Џеладини во категорија Кумите јуниори -48 кг, како и Ана Савиќ во Помлади сениорки У21 +68 килограми.