< назад

Медалистите од Балканското првенство на прием кај директорот на АМС Дарко Каевски

Медалистите од Балканското првенство за кадети, јуниори и помлади сениори У21, денеска беа на пример кај директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски, заедно со тренерите на државните репрезентации во кумите, Александар Кузмановски и Арлинд Хусеини, во ката Стојан Андриевски и Ивана Аврамова, како и претставници од Карате федерацијата на Македонија. 

Каевски уште еднаш напомена дека каратето е лидер и најуспешен спорт во нашата земја, а тоа го покажа и на ова Балканско првенство за кадети, јуниори и помлади сениори У21 кое се одржуваше во Дубровник, на кое каратистите освоија вкупно 18 медали од кои 6 златни, 3 сребрени и 9 бронзени. Тој додаде дека Агенцијата за млади и спорт останува со определба да ги помага програмите федерациите, а конкретно на овие млади натпреварувачи. 

Следен предизвик за нашите каратисти во оваа старосна категорија е Европското првенство кое ќе се одржи во Данска во февруари месец наредната година. 

Освојувачи на медали на Балканското првенство во Дубровник, Хрватска:

Златни медали: 

1. Омер Муслији - кадети кумите -63кг.

2. Абдурахим Идризи - јуниори -55кг. 

3. Аврамова, Грозданова, Маневска - кадетки/јуниорки ката тим

4. Вероника Костовска - У21 женски -61кг. 

5. Доан Османи - У21 машки -75кг. 

6. Петар Спасеновски - У21 машки -84кг. 

Сребрени медали:

1. Марко Бунтески - јуниори ката 

2. Бановски, Бунтески, Стојановски - кадети/јуниори ката тим 

3. Столе Смилковски - У21 машки -60кг. 

Бронзени медали:  

1. Бојан Костов - кадети -52кг. 

2. Александар Неделковски - јуниори ката 

3. Марија Милева - јуниорки -53кг. 

4. Глигор Петков - јуниори +76кг. 

5. Матеа Талеска - У21 женски ката

6. Ајдини Верона - У21 женски -50кг. 

7. Сара Крстевска - У21 женски -55кг. 

8. Фахик Весели - У21 машки -60кг. 

9. Стефан Апостоловски - У21 машки -67кг.