< назад

Машкиот кумите тим седми на Светското првенство во Мадрид

Машкиот кумите тим на Македонија го освои 7. место  на Светското првенство кое се одржува во Мадрид, Шпанија, што е најдобар резултат во историја на екипните натпреварувања. Тимот кој е во состав Жарко Арсовски, Мартин Несторовски, Берат Јакупи, Азиз Исмаил, Петар Заборски, Давид Петков и Емил Павлов, стигна до репасажот каде беше совладан од силната репрезентација на Јапонија со 3-0.

Претходно во главниот ждреб кумите тимот во 1. коло беше слободен, а во 2. и 3. коло со убедливи 3-0, беше подобар од Израел и Бразил. Во ¼ финалето, нашите каратисти загубија од финалистот на Планетарниот собир репрезентацијата на Турција со 3-1.

Резултатите од Светското првенство во Мадрид, Шпанија можете да ги проследите на следниот линк: 

https://www.sportdata.org/wkf/set-online/veranstaltung_info_main.php?active_menu=calendar&vernr=188