< назад

Македонските каратисти вечерва поаѓаат на Балканското првенство во Истанбул

Македонските каратисти кои се кандидати за репрезентативен статус за Европското првенство во Нови Сад, вечерва поаѓаат за Истанбул каде викендов ќе се одржи 20. Балкански шампионат за сениори.

На Балканското првенство ќе учествуваат вкупно 354 каратисти од 11 земји, а Македонија ќе ја претставува 41 каратист во сите тежински категории во борби, како и машки и женски кати. Право за настап имаат каратистите кои завршија на првите четири места во секоја категорија, на Националното првенство, кое се одржа минатиот месец во Штип.

Список на македонски каратисти кои ќе настапат на Балканското првенство во Турција:

1. Пулексенија Јовановска – Ката жени
2. Маријана Димоска – Ката жени
3. Мишела Димоска – Ката жени
4. Сара Радичевска – Кумите -50кг. жени
5. Драгана Манговска – Кумите -50кг. жени
6. Јована Георгиева – Кумите -55кг. жени
7. Сара Крстевска – Кумите -55кг. жени
8. Моника Пендаровска – Кумите -55кг. жени
9. Симона Заборска – Кумите -55кг. жени
10. Вероника Костовска – Кумите -61кг. жени
11. Наташа Стефановска – Кумите -61кг. жени
12. Блерта Бекири – Кумите -68кг. жени
13. Бојана Манева – Кумите -68кг. жени
14. Ангела Мојсовска – Кумите -68кг. жени
15. Моника Стефановска – Кумите -68кг. жени
16. Георги Бановски – Ката мажи
17. Ферри Исиќ – Ката мажи
18. Александар Спасовски – Ката мажи
19. Јован Васиќ – Ката мажи
20. Ардит Марку – Кумите -60кг. мажи
21. Шабан Муртиши – Кумите -60кг. мажи
22. Горан Николовски – Кумите -60кг. мажи
23. Емил Павлов – Кумите -60кг. мажи
24. Роберто Ацковски – Кумите -67кг. мажи
25. Димитар Илиевски – Кумите -67кг. мажи
26. Ненад Келебиќ – Кумите -67кг. мажи
27. Давид Петков – Кумите -67кг. мажи
28. Азиз Исмаил – Кумите -75кг. мажи
29. Мурсел Мисини – Кумите -75кг. мажи
30. Доан Османи – Кумите -75кг. мажи
31. Петар Заборски – Кумите -75кг. мажи
32. Берат Јакупи – Кумите -84кг. мажи
33. Виктор Крстевски – Кумите -84кг. мажи
34. Сашко Патраклиев – Кумите -84кг. мажи
35. Петар Спасеновски – Кумите -84кг. мажи
36. Жарко Арсовски – Кумите +84кг. мажи
37. Семир Ќосовиќ – Кумите +84кг. мажи

Трошоците за сите наши каратисти ќе ги покрие Карате федерацијата на Македонија, со средства кои се добиени од Агенцијата за млади и спорт.