< назад

МОК ги додели стипендиите за олимписките кандидати

Македонскиот олимписки комитет  додели стипендии кои се финансирани од Меѓународниот олимписки комитет, на спортисти кои имаат потенцијал да ги подобрат своите перформанси, со цел овозможување подобри услови за борба за олимписка норма за Летните олимписки игри во Токио 2020.

Карате репрезентативците на Македонија кои се стипендирани од страна на МОК, Берат Јакупи и Емил Павлов во кумите во машка категорија и Наташа Стефановска во кумите и Пулексенија Јовановска во кати во женска конкуренција, заедно со претседателот на Карате федерацијата на Македонија Драган Стојановски денеска во Хотел Парк во Скопје потпишаа договори со претседателот на Македонскиот олимписки комитет Др. Васил Тупурковски, со кој ќе добиваат месечна финансиска помош за реализација на нивните стратешки планови за обезбедување норма за Летните олимписки игри во Токио 2020. 

Ова за Карате федерацијата на Македонија е уште едно големо признание за успешната работа во континуитет, но и нов предизвик бидејќи од 12 стипендии кои ги дава МОК, карате репрезентативците на Македонија добија 4, што е една третина од вкупниот број на стипендии кои се доделуваат за Токио 2022. За Карате федерацијата на Македонија и за нашите спортисти ова е мотив повеќе за уште понапорна работа, со која би се остварил олимпискиот сон. Четирите карате репрезентативци на Македонија се пример и за другите спортисти кои со идентични амбиции ќе се обидат да изборат норма за ЛОИ во Токио.