< назад

Карате репрезентацијата на Македонија на викенд подготовки со селекторот на украинската репрезентација Антон Никулин

Во склоп на подготовките за Европското првенство во Нови Сад, Србија, карате репрезентативците на Македонија, го одработија првиот од предвидените четири тренинзи со селекторот на украинската карате репрезентација Антон Никулин.

Никулин е во нашата земја, како би го пренел своето знаење на нашите каратисти, но и би им помогнал да ја одржат формата за континенталниот собир кој ги очекува на средината од месец мај.

Каратистите на Македонија со украинскиот селектор ќе одржат вкупно четири тренинзи, по кои подготовките ќе ги продолжат во тренинг базата на репрезентацијата во Дојран, каде ќе заминат в понеделник, а таму ќе останат се до поаѓањето за Нови Сад, кое е предвидено за 8 мај.

Гостувањето на Никулин во нашата земја е доказ за одличната соработка помеѓу Карате федерацијата на Македонија и Украинската карате федерација и меѓусебното помош во остварувањето резултати на големите натпреварувања.

53. eвропски шампионат во Нови Сад ќе се одржи во периодот од 10 до 13 мај.