< назад

Карате лига

На ден 20.05.2012 година, во Дебар, се одржа карате лига натпреварите. Лига натпреварите се одржа во четири старосни категории и тоа: сениори, сениорки, кадети-јуниори и кадетки јуниорки.

Во сениорска конкуренција учествуваа екипите на КК Макпетрол од Скопје, КК Металург од Скопје, КК Македонка од Штип и КК Цветан Димов од Скопје.

Во оваа категорија првото место го освои екипата на КК Металург, второ место екипата на КК Македонка и трето место екипата на КК Макпетрол.

Во категоријата сениорки учество зедоа екипите на КК Макпетрол и КК Металург. Првото место го освои екипата на КК Металург.

Во категоријата кадети-јуниори учество зедоа клубовите КК Макпетрол од Скопје, КК Металург од Скопје, КК Македонка од Штип, КК Форца од Скопје, КК Олимпик спорт од Скопје и КК Уранику од Дебар.

Првото место и овде го освои екипата на КК Металург, второто екипата на КК Форца а третото екипата на КК Макпетрол.

Во категоријата кадетки-јуниорки учество зедоа клубовите КК Макпетрол од Скопје,  КК Македонка од Штип и КК Уранику од Дебар.

Првото место и овде го освои екипата на КК Макпетрол, второто екипата на КК Македонкаа третото екипата на КК Уранику.

резултати