< назад

Карате федерацијата на Македонија го започна проектот во склоп на Еразмус + спорт програмата

Карате федерацијата на Македонија на 27 февруари потпиша партнерски договор во проект кој го промовира каратето како здрав спорт за лица постари од 55 години. Проектот со име  Promoting Active Engagement in Sports (PACES) ќе се спроведува во четири држави. Партнери во проектот се Карате федерација на Македонија, Карате клуб Вировитица од Хрватска, Карате федерацијата на Србија и Карате федерацијата на Словенија.

Проектот PACES започна да се спроведува на 1 јануари 2018 со почетен состанок кој се одржа во Загреб на 27 февруари, а ќе трае вкупно 18 месеци. На овој состанок беше донесен план за имплементација, мониторинг и евалуација на проектот, како и план за негово ширење, по што беа потпишани партнерски договори.

Активностите на проектот вклучуваат меѓунационални состаноци, истражувања за позитивните ефекти на каратето врз здравјето на луѓето, промовирање на каратето како здрав спорт, состаноци со засегнатите страни и ширење на резултатите од проектот. На активностите ќе учествуваат доктори, физиотерапевти, карате тренери и стручни луѓе за спроведување на проектот. Резултатите од проектот ќе бидат на располагање на сите јазици од партнерските држави.

Повеќе за активностите и резултатите на проектот ќе бидат објавени на посебни линкови на веб страната на Карате федерацијата на Македонија.