< назад

Карате федерацијата на Македонија ги прогласи најуспешните за 2017 година

Карате федерацијата на Македонија ги прогласи најуспешните во изминатата 2017 година. Во четирите возрасни категории, кадети, јуниори, помлади сениори У21 и сениори беа доделени вкупно 18 статуетки за најдобрите во ката и кумите во машка и женска конкуренција.

За најдобар во кумите кај мажите беше прогласен Берат Јакупи, освојувачот на златен медал на европското првенство во Коџаели, Турција.

Кај дамите во категорија на кумите за најдобра беше прогласена најдобрата спортистка на Македонија за 2017 и освојувачка на бронзениот медал на Европското првенство во Турција, Јована Георгиева.

Во конкуренција на ката за најуспешни беа прогласени Фери Исиќ во машка и Пулексенија Јованоска во женска конкуренција.

За најдобар тренер беше прогласен Сашко Арсовски од КК Штип, кој исто така е и национален тренер на сениорската репрезентација на Македонија.

За најдобар клуб беше прогласен Асиарт од Гостивар, клуб во кој е член Берат Јакупи.


Во конкуренција на помлади сениори у21 во кумите за најдобри беа прогласени Петар Заборски, освојувач на европска бронза и најдобар млад спортист на Македонија за 2017 и Ангела Мојсовска. Во ката пак најдобри беа Глигор Станоев и Маријана Димоска.


Во конкуренција на јуниори одличјата ги освоија Фахик Весели и Симона Симовска во кумите и Јован Васиќ и Киријана Камческа во ката.


Кај најмладите, кадетите за најдобри беа прогласени Марио Свинарски и Марија Милева во кумите, како и Александар Неделковски и Владанка Аврамова во ката.

На доделувањето на наградите присуствуваше и најдобриот спортист на Македонија на 20. век и олимписки шампион Шабан Трстена, кој покрај тоа што додели неколку награди, во својето обраќање на каратистие на Македонија им посака среќа во новата година, како и да успеат да се пласираат на Олимписките игри.

Изминатата година беше една од најуспешните за Карате федерацијата на Македонија, во која беа освоени првите медали по добивањето на статус на олимписки спорт на каратетото. Во оваа година исто така и четири македонски репрезентативци, Берат Јакупи, Емил Павлов, Наташа Стефановска и Пулескенија Јовановска добија олимписки стипендии од Меѓународниот олимписки комитет. Во 2017. Карате федерацијата на Македонија го одбележа и златниот јубилеј 50 години карате во Република Македонија.

Листа на освојувачите на награди:


Најуспешен клуб – КК Асиарт – Гостивар


Најуспешен тренер – Сашко Арсовски – КК Штип


Најуспешни сениори

Кумите сениори
1. Берат Јакупи – КК Асиарт – Гостивар
2. Жарко Арсовски – КК Штип – Штип
3. Димитар Илиевски – КК Ботони – Скопје 
 

Кумите сениорки
1. Јована Георгиева – КК Штип – Штип
2. Сара Радичевска – КК Макпетрол – Скопје
3. Сара Крстевска – КК Металург – Скопје


Ката сениори  
1. Фери Исиќ – КК Вардар – Скопје
2. Дејан Милошевски – КК Нипон – Скопје
3. Христијан Димитриевски – КК Гладијатор – Велес


Ката сениорки
1. Пулексенија Јованоска – КК Ронин – Прилеп
2. Ивона Ѓорѓиева – КК Самурај – Скопје
3. Стефанија Костадинова – КК Аеродром – Скопје


Најуспешни помлади сениори У21

Кумите помлади сениори У21
1. Петар Заборски – КК Макпетрол – Скопје
2. Давид Петков – КК Металург – Скопје
3. Семир Ќосовиќ – КК Металург – Скопје


Кумите помлади сениорки У21
1. Ангела Мојсовска – КК Макпетрол – Скопје
2. Моника Пендаровска – КК Макпетрол – Скопје
3. Вероника Костовска – КК Кеикс – Скопје


Ката помлади сениори У21
1. Глигор Станоев – КК Вардар – Скопје
2. Реџеп Мустафовски – КК Фунакоши Гичин – Скопје
3. Огнен Тодороски – КК Бонсаи – Прилеп

Ката помлади сениорки У21
1. Маријана Димоска – КК Ронин – Прилеп
2. Мишела Димоска – КК Ронин – Прилеп
3. Теодора Цветкоска – КК Ринија – Кичево


Најуспешни јуниори

Кумите јуниори
1. Фахик Весели – КК Олимпик Спорт 2007 – Скопје
2. Столе Смилковски – КК Олимпик Спорт 2007 – Скопје
3. Филип Несторовски – КК Металург – Скопје


Кумите јуниорки
1. Симона Симовска – КК Тигар 2003 – Тетово
2. Драгана Манговска – КК Металург – Скопје
3. Вјолца Гафури – КК Фати – Тетово


Ката јуниори 
1. Јован Васиќ – КК Гладијатор – Велес
2. Звонко Николоски – КК Урбан Инвест – Кавадарци
3. Георги Бановски – КК Гладијатор – Велес


Ката јуниорки
1. Кириана Камческа – Ронин – Прилеп
2. Матеа Талеска – Ронин – Прилеп
3. Лина Димеска – Ронин – Прилеп


Најупешни кадети
Кумите кадети
1. Марио Свинарски – КК Олимпик Спорт 2007 – Скопје
2. Христијан Стојановски – КК Олимпик Спорт 2007 – Скопје
3. Иво Мишачковски – КК Металург – Скопје


Кумите кадетки
1. Марија Милева – КК Олимпик Спорт 2007 – Скопје
2. Марија Петровска – КК Металург – Скопје
3. Викторија Јовановска – КК Ботони – Скопје


Ката кадети
1. Александар Неделквски – КК Металург – Скопје
2. Марко Бунтески – КК Форца – Скопје
3. Кристијан Бајовски – КК Фунакоши Гичин – Скопје


Ката кадетки
1. Владанка Аврамова – КК Урбан Инвест – Кавадарци
2. Каролина Јанчовска – КК Фунакоши Гичин – Скопје
3. Ивона Муфтарова – КК Урбан Инвест – Кавадарци