< назад

КФМ со уште тројца судии со Европска лиценца

Покрај успешните настапи на ЕП во Будимпешта, каде што нашите млади каратисти освоија два бронзени медала, а Карате федерацијата на Македонија имаше уште една успешна презентација како спортска организација која има голем авторитет во меѓународни рамки, на шампионатот имавме и шестмина судии.
Тројца од нив се здобија со повисоки звања, со успешно положени испити. Климентина Војдиновска сега е "Judge A“, додека Јетмира Дервиши и Емир Ќосовиќ се нови интернационални EKF судии.