< назад

КФМ ги прогласи најуспешните за 2019 година

Во просториите на Хотелот Континентал во Скопје, се одржа изборот на најуспешни клубови, тренери и натпреварувачи за 2019 година на Карате федерацијата на Македонија.

Изминатата 2019 година беше меѓу најуспешните, како продолжение на претходните години во кои каратето според резултатите се наметна како лидер во спортот.  Емил Павлов освои бронзен медал на европското првенство во Гвадалахара, со што обезбеди норма и беше петтопласиран на Европските игри во Минск, а кон крајот на годината освои златен медал на Премиер лигата во Москва. Пулексенија Јованоска оствари пласман на 5 место на европското првенство и е прва каратистка во кати, прогласена за спортистка на годината од Агенцијата за млади и спорт, а селекторот во борби Сашко Арсовски е вторпат избран за најдобар во сите спортови. Остваривме историски резултат на европското првенство во Алборг за помлади категории, на кое Петар Спасеновски и Доан Османи освоија златни медали до 21 година, а Глигор Петков сребрен медал за јуниори. Сребро во Алборг освои и кадетот Бојан Костов, кој трофејната година ја заврши со бронза на светското првенство во Чиле. Фаик Весели стана медитерански шампион до 21 година, а имавме уште неколку пласмани на 5 место на европското и светското првенство, што е потврда дека и во помладите генерации имаме континуитет на врвни резултати. КФМ во олимписката година влегува со тројца олимписки стипендисти, но и уште неколку други спортисти кои имаат амбиции да се борат за олимписка норма за Токио 2020.

Најуспешен клуб во сениорска конкуренција
Штип – Штип 

Најуспешен тренер во сениорска конкуренција
Сашко Арсовски

Најуспешен клуб во младинска конкуренција
Макпетрол - Скопје

Најуспешен тренер во младинска конкуренција
Бошко Заборски

Добитници на главните награди во категоријата сениори за 2019 се следниве:

Кумите сениори машки
Емил Павлов 
Берат Јакупи 
Жарко Арсовски 

Кумите сениори женски
Драгана Манговска 
Моника Стефановска 
Наташа Стефановска 

Ката сениори машки
Ферри Исиќ 
Јован Васиќ 
Христијан Димитријевски 

Ката сениори женски
Пулексенија Јованоска 
Кристина Каламукоска 
Матеа Талеска 

Добитници на главните награди во категоријата сениори до 21 година за 2019 се следниве:

Кумите сениори до 21 година машки
Доан Османи 
Петар Спасеновски 
Фахик Весели 

Кумите сениори до 21 година женски
Ангела Мојсовска 
Вероника Костовска 
Сајра Морина 

Ката сениори до 21 година машки
Георги Бановски 
Реџеп Мустафовски 
Александар Спасовски 

Ката сениори до 21 година женски
Теодора Цветкоска
Даниела Дракуловскa 
Каролина Јанчовска 

Добитници на главните награди во категоријата Јуниори за 2019 се следниве:

Кумите јуниори машки
Глигор Петков 
Марио Свинарски 
Григор Хаџи-кимов 

Кумите јуниори женски
Марија Милева 
Мартина Шахинова 
Магдалена Божиноска 

Ката јуниори машки
Александар Неделковски 
Марко Бунтески 
Кристијан Бајовски 

Ката јуниори женски
Владанка Аврамова 
Јована Манчевска 
Теа Гашева 

Добитници на главните награди во категоријата Кадети за 2019 се следниве:

Кумите кадети машки
Бојан Костов 
Стефан Стојановиќ 
Љупче Михајлов 

Кумите кадети женски
Арта Буши 
Јусра Адеми 
Рудина Алиу 

Ката кадети машки
Давид Спасовски 
Христијан Андриќ 
Андреј Пешков 

Ката кадети женски
Мартина Арсовска 
Андреа Алексовска 
Тамара Ѓурчиноска