< назад

Јакупи сопрен во 1/4 финалето на Светското првенство во Мадрид

На првиот ден на Светското првенство во Мадрид, Шпанија свој настап имаа 5 наши каратисти.

Најдобар беше Берат Јакупи кој во  -84 килограми во, ¼ финалето загуби од Казахстанецот Данијар Јулдашев со 5-0. На Јакупи за влакно му избега репасажот бидејќи во ½ финалето Казахстанецот Јулдашев, по судиско изјаснување загуби од Украинецот Валери Чоботар. Претходно Јакупи славеше  против: Ахмад Алмесфер од Кувајт со 6-5, Ајкан Мамаев од Азербејџан со 4-0 и Милан Бабош од Полска со 4-0. 

Во тешка категорија Мартин Несторовски Светското првенство го заврши со скор од по една победа и еден пораз. Несторовски беше подобар од Вон Рак Ким од Ј. Кореја со 4-0, а загуби од Даниел Гајсински од Канада со 3-0.

Единствената претстваничка во женска категорија во борби на првиот ден од Светското првенство, Моника Стефановска својот настап го заврши уште на самиот старт, откако загуби од Анета Ружичкова од Чешка со 3-1.

Во конкуренција на кати, во машка конкуренција Ферри Исиќ во првите две кола со идентични 3-2 ги совлада Јесе Енкамп од Финска и Муад Оитес од Алжир, а во 3. коло беше сопрен од Казахстанецот Мади Катешов.

Кај дамите својот настап во првата своја борба го заврши Пулексенија Јованоска кој тесно со 3-2 загуби од Ема Браздова од Словачка.

На овој Светски шампионат учествуваат 1117 натпреварувачи, од вкупно 140 земји, што е рекордна бројка кога е во прашање еден карате собир.

Резултатите од Светското првенство во Мадрид, Шпанија можете да ги погледнете на следниот линк:

https://www.sportdata.org/wkf/set-online/veranstaltung_info_main.php?active_menu=calendar&vernr=188