< назад

Известување за водење судска постапка од натпреварувачи на КК Металург и КК Макпетрол против КФМ

Ве известуваме дека КФМ во изминатиов период од 5 години,покрај реализација на утврдените програми за работа, беше принудена да се занимава и со водење на судска постапка, иако беше евидентно уште од почетокот дека се работи за  желба на поединци да изнудат средства од Федерацијата, гледајќи исклучиво сопствени лични интереси, неводејќи сметка дека на овој начин работат на штета на Федерацијата и на карате спортот.                                 .
             Во текот на месец јуни 2011 година во Турција се одржа Европското првенство за региони. На ова првенство од Република Македонија учествуваше комбинирана екипа составена од натпреварувачи од КК Металург и КК Макпетрол, под име на регионот ,,Скопје". Екипата ,,Скопје,, го освои 3-то место.
По завршување на Светското првенство во Малезија,по протек од 6 месеци, натпреварувачи на  КК Металург и тоа:
1-Виктор Крстевски,
2-Азис Исмаил,
3-Крсто Мишев,
4-Бојан Јовановски и

Натпреварувачите од  КК Макптерол и тоа:
5-Никола Димитријевиќ,
6-Емануел Ристевски и
7-Симон Антиќ,

поднесоа заедничка тужба до основниот суд Скопје 2 Скопје,  со која бараат да им се исплати награда за освоено 3 место и надомест на трошоци  за  Свесткото првенство во Малезија, со вредност во вредност од 414.730,00 денари.
                Нивната тужба со пресуда на Основниот суд Скопје 2 Скопје П1-113/12 од 2012 година е одбиена како неоснована.
ДОКАЗ:-првостепена пресуда

Против оваа првостепена пресуда наведениет лица како тужители поднесоа жалба до Апелациониот суд Скопје. Апелациониот суд Скопје жалбата со  пресуда ГЖ.бр.-4665/12 од 2013 година,  ја одбил како неоснована.
ДОКАЗ:- второстепена пресуда

         Во интерес на вистината, откако истиот случај доби конечна судска разврска, Ве информираме со оваа известување со цел да бидете правилно информирани за вистината на целиот настан.

Пресуда 1

Пресуда 2