< назад

Интервју на Емил Павлов за веб страницата на WKF

Ден пред 27-от роденден на Емил Павлов, на официјалната веб страница на Светската карате федерација (WKF) е објавено интервјуто со нашиот најдобар каратист. Интервјуто е направено за време на одржување на 54-то европско првенство во Гвадалахара, Шпанија. Емил Павлов, кој двапати е европски шампион, а има и две бронзи од континенталните шампионати избори норма за Европските игри во Минск, каде што ќе се обиде да се закити со уште еден трофеј по бронзениот на првите Европски игри во Баку 2015 година. Ова е уште едно големо признание за КФМ и за нашиот каратист, кој доби простор и третман како еден од најголемите каратисти во светот.

Целосното интервју на најдобриот спортист на Македонија за 2018 година може да го прочитате на следниот линк

https://www.wkf.net/news-center-new/get-to-know-emil-pavlov-fyr-of-macedonia-athlete-of-the-year-and-eurokarate2019-medallist/936/