На ден 18.02.2023 година во салата „Крсте Мисирков“ во населбата Ченто во Скопје се одржа Државното првенство за сениори. Првенството го отвори градоначалникот на општина „Гази Баба“ Бобан Стефковски на кого претседателот на Карате федерацијата на РС Македонија Петар Белистојаноски во оваа прилика му врачи пригодна плакета, за придонес во развојот на карате спортот во нашата држава.
Натпреварот се одвиваше на две борилиште во спортска атмосфера и како што доликува на карате спортот со почит од натпреварувачите према противниците и судиите и обратно.
Првенството беше пренесувано и на стриминг телевизијата на Македонскиот олимписки комитет - МОК ТВ.
На ова првенство беа пријавени 105 натпреварувачи од вкупно 32 клуба.