< назад

Инфо Москва Премиер лига

Ве информираме за големиот успех на Емил Павлов на Премиер лигата во Москва, на која настапуваат 642 каратисти од 85 земји. Натпреварите во Премиер лигите се меѓу најзначајните во борба за олимписка норма, покрај светското и европското првенство. Eмил оствари пет победи во својата категорија -60 килограми, а на патот до финалниот меч совлада двајца каратисти со светска титула и шампионот на европските игри. 
Информацијата е во прилог.

Од другите наши претставници, во категорија -67 килограми Ненад Келебиќ во првото коло загуби на изјаснување од Шпанецот Сами Енкаили, откако борбата заврши без поени. Петар Заборски во категорија -75 килограми ќе се бори со Ксу Чун-Веи од Тајпеј. Во категорија -84 Берат Јакупи во првото коло исто така ќе се бори со претставник од Тајпеј, Ву Чун-Веи, Петар Спасеновски со Илија Грановесов од Русија, додека Виктор Крстевски против Иранецот Махди Кодакбакши, а во најтешката категорија +84 килограми Жарко Арсовски во првото коло ќе се бори со Диего Кaлдерон од Колумбија. Во кати Поликсенија Јованоска се пласира на 23 место.

Премиер лигите се меѓу најсилните натпреварувања во светот, на кои учествуваат најдобрите светски каратисти во борба за што повисоко место на ранг листата на Светската карате федерација (WKF), што е предуслов во борба за олимписка норма за Олимписките игри во Токио 2020 година.

Финалните борби на Премиер лигата во Москва се во недела, а преносот може да се следи директно на следниот линк, како и преку веб страницата на Светската карате федерација
https://karateworld.tv/
https://wkf.net/

Исто така, резултатите може да ги следите во живо на следниот линк
https://www.sportdata.org/wkf/set-online/veranstaltung_info_main.php?active_menu=calendar&vernr=267#a_eventhead