< назад

Фахик Весели втор на ВКФ олимписки ранкинг, 3. македонски каратисти во топ 10

На најновата ранг листа за Младинските олимписки игри кои оваа година ќе се одржат во Буенос Аирес Аргентина, европскиот вицешампион и освојувач на Светскиот куп во Умаг минатата година Фахик Весели останува на втората позиција во категоријата -61кг.

Во истата категорија петтопласираниот од последното и бронзениот од Европско првенство во 2016 како и победникот од Самобор  Столе Смилковски се наоѓа на 10 позиција.

Во категоријата +59 килограми во женска конкуренција Симона Симовска се наоѓа на 6. позиција.

Останатите каратисти на Македонија кои е наоѓаат во игра за пласман во Буенос Аирес Вјолца Гафури е 35. во -59кг., Вегим Мурати е 36. во +68кг. и Мики Живков е 44. во -68кг.

Ранг листите за Младинските олимписки игри во Буенос Аирес можете да ги погледнете на следниот линк:
http://setopen.sportdata.org/wkfranking/standing_yog2018.php

Главни квалификациони натпревари за пласман на Младите олимписки игри во Буенос Аирес ќе бидат Карате 1 младинската лига во Софија која ќе се одржи од 25 до 27 мај и Турнирот во Умаг кој ќе се одржи на 29 и 30 мај.