< назад

Фахик Весели Европски вицешампион

Фахик Весели во категоријата кумите јуниори -61кг. освои сребрен медал на Европското првенство за кадети, јуниори и помлади сениори У21, кое се одржува во Сочи Русија. Во финалето противникот на Весели, Азербејџанецот Хумат Бакшалијев поведе со 2-0, по што Весели намали на 2-1 и имаше неколку обиди за да направи пресврт, но сепак резултатот остана 2-1.

На патот до финалниот натпревар, Весели не изгуби ниту еден поен. Во 1. коло по судиско изјаснување беше подобар од Словакот Мимолат Багаев, во 2. коло го совлада Алесио Ванакоре со 3-0. Во својата 3. борба беше подобар од Алберто Хименез Морено од Шпанија, додека во ½ финалето го победи Израелецот Султан Ечајев со 4-0. 

На чекор до медал беше и Столе Смилковски кој во категоријата кумите јуниори -55кг. во натпреварот за бронза во репасажот загуби од Турчинот Бурак Оздемир со 4-2. Во главната фаза Смилковски во 1. коло беше слободен. Во 2. коло го декласираше Португалецот Жонас Вилас со 8-0. Во 3. коло беше подобар од Бенче Чопу од Унгарија со 2-0, додека во ½ финалето загуби од Италијанецот Матео Ланди со 3-1. На крај шампинатот во Сочи, Смилковски го завршува на 5. позиција.


До репасажот стигна и Филип Несторовски кој што загуби од Белорусинот Хлеб Сачкоуски со минимални 1-0. Претходно во главниот ждреб Несторовски во 1. и 2. коло беше подобар од Австриецот Филип Куенел со 3-1 и Хрватот Ренато Ресетар со 2-0. Во 3. коло Несторовски по судиско изјаснување загуби од Словакот Ади Ѓурик, со што шампионатот го заврши како 7. пласиран. 


На 9. место шампионатот го заврши Кренар Џафери во категоријата јуниори кумите +76кг. Тој во 1. коло во главниот ждреб беше подобар од Португалецот Жозе Енрике со 3-0, додека во 2. коло беше поразен од финалистот во неговата категорија, Словакот Томас Коса со 2-0. Во репасажот Џафери загуби од Белорусинот Алексеј Хуреје со 6-2.


Единствената македонска претставничка во женска конкуренција кај јуниорките, Симона Симовска својот настап на Еврошампионатот во категоријата кумите +59кг го заврши уште во 1. коло, откако беше поразена од Садеа Бечировиќ од Хрватска со 4-1.

Пред финалните натпревари, се одржа и Свеченето отворање на Европското првенство на кое продефилираа сите 45 земји учеснички меѓу кои и каратистите на Карате федерацијата на Македонија.

На отворањето присуствуваа високи претставници од Русија и Краснојарскиот регион, како градоначалникот на Сочи Анатоли Пакомов и претседателот на Карате федерацијата на Русија Сергеј Цој, а шампионато го отвори претседателот на Светската карате федерација Антонио Еспинос.