< назад

Две години од историскиот успех во Тарагона

Деновиве се одбележуваат две години од историските резултати на нашите каратисти на 18-те Медитерански игри во Тарагона, Шпанија. Карате федерацијата на Македонија освои еден златен и два бронзени медала и беше убедливо најуспешен спорт од сите македонски претставници на игрите.

Најуспешен беше Берат Јакупи, кој во категорија - 84 килограми стана медитерански шампион, Жарко Арсовски во категорија + 84 килограми освои бронза, исто како и Ненад Келебиќ во категорија - 67 кг. Европскиот шампион Емил Павлов го носеше знамето на свеченото отворање и во својата категорија - 60 кг оствари пласман на 5-то место, Симона Заборска до - 55 кг беше 7-ма, а Ангела Мојсовска во категорија - 68 кг не успеа да постигне позабележителен успех.

Покрај спортистите, делегацијата на КФМ ја претставуваа селекторот Сашко Арсовски и помошник селекторот Бошко Заборски, а во судискиот дел нашите светски судии Боби Војдиновски и Игор Лазарев. Со овие врвни резултати, Карате федерацијата на Македонија уште еднаш се покажа како лидер во македонскиот спорт на настани под покровителство на Олимпискиот комитет.