На Европското првенство за кадети, јуниори и помлади сеноири У21, што се одржуваше од 03-05 февруари 2023 година во Ларнака, Кипар, репрезентативците во дисциплината У21 кумите -84 и +84 Витомир Трајковски и Стефан Стојановиќ, освоија бронзени медали.
Витомир Трајковски во првото коло го победи претставникот од Италија, Фиоре Матео со 2:1, во второто коло победа против португалецот Миранда Хозе со 4:3, во третото коло го победи хрватот Алексанадр Калабаќ со 4:1 додека во четвртото коло изгуби од украинецот Максим Бухајов со 1:2. Понатаму во репасажот извојува победа против претставникот од Белгија Данил Анисиво поради прв освоен поен при резултат од 4:4 со што Витомир го освои третото место и бронзениот медал.
Стафан Стојановиќ во првото коло го победи претставникот од Грузија, Мераби Гелашвили со 2:0, во второто коло го победи претставникот од Ирска, Ли Шеридан со резулат 2:0, во третото коло извојува победа против претставникот од Чешка со резултат 4:3, и во четвртото коло изгуби од италијанецот Матео Аванчини со 4:5. Стефан во репасажот се сретна со претставникот од Словачка, Малик Багаев против кого избори трето место и бронзен медал со резултат 4:0.
Од останатите наши репрезентативки најуспешни беа Викторија Јовановска во категоријата У21 -61 кг. со освоено 5то место, седмо место освои Симона Николовска во категоријата У21 +68, и четири деветти места од кои 3 во У21 Бојан Костов, Марио Свинарски, Јусра Адеми и во јуниорска конкуренција Греса Мустафаи.
Натпреварувачите и целата делегација беа на висина на својата задача мотивирано и сите заедно сложно до крај дадоа подршката во остварување на конечниот резултат .
На Европското првенство за кадети, јуниори и помлади сениори У21 настапуваа вкупно 1114 каратисти од вкупно 48 држави.