< назад

Дванаесест медали од кои четири златни за најмладите каратисти на Македонија, на 2. и 3. ден на Балканското првенство за деца во Белград

12 медали од кои 4 златни за најмладите каратисти на Македонија на 2. и 3. ден на Балканското првенство за деца во Белгрд, Србија.

Во категоријата ката женски 12 години, златниот медал и припадна на Анастасија Минговска, додека трето пласирана беше Данка Стојкова.
Злато освоија и Андреј Анголовски во -45кг. 13 години, Емре Салиу 13 години -50кг. и машкиот ката тим во категоријата 12 и 13 години.

Со сребро Балканскиот шампионат го завршија машкиот ката тим во категоријата 10 и 11 години, Филип Стојанов во -40 кг. до 11 години, Недим Шаќири до 12 години -37кг и Хамза Зијали до 13 години во +55кг.

Андреј Басаров во +52кг. до 12 години, Ива Тасевска до 13 години +54кг . и женскиот ката тим 12 и 13 години ги освоија бронзените медали.

Македонија Балканското првенство за деца во Белград, Србија го заврши на 6. место на табелата за медали со вкупно освоени 15 одличја од кои 4 златни.

Целосните резултати од Балканското првенство за деца можете да ги погледнете на следниот линк: 

https://www.sportdata.org/wkf/set-online/veranstaltung_info_main.php?active_menu=calendar&vernr=235#a_eventhead