< назад

Државно првенство за сениори на Македонија за 2018 година

Во спортската сала Јордан Мијалков во Штип се одржа држвното сениорско првнество на Македонија, на кое учествуваа 77 натпреварувачи од вкупно 24 клуба.

На отворањето свое обраќање имаше градоначалнкот на општина Штип Благој Бочварски, кој го прогласи државното првенство за отворено. Во обраќањето, Бочварски, изрази задовослство што Карате федерацијата на Македонија му ја довели урогата на технички организатор на Штип, град кој има врвни спортски резултати во боречките спортови, особено во каратето.  

Во машка конкуренција во -60 килограми првото место го освои Емил Павлов кој во финалето го совлада Шабан Муртиши со 2-0. Во конкуренција во -67кг. Ненад Келебиќ во борбата за златен медал беше подобар од Роберто Ацковски со 5-2. Азиз Исмаил го освои златниот медал во категоријата -75кг. кој во финалнаиот меч го победи Доан Османи со 4-0. Во категорија -84кг. најдобар беше Берат Јакупи кој по судиско изјаснување беше подобар од Петар Спасеновски, додека во тешката категорија +84кг. Жарко Арсовски го совлада Семир Ќосовиќ со 2-0.  Во тимското натпреварување кај мажите екипата на КК Штип од Штип го совлада Металург од Скопје со 3-2.

Кај дамите во најлесната категорија -50кг. Сара Радичевска беше подобра од Драгана Манговска со 4-1. Приматот најдобра во -55кг. и припадна на Симона Заборска која во финалето ја совлада Моника Пендаровска со 2-1. Вероника Костовска беше најдобра во -61кг. откако во финалето ја победи Наташа Стефановска со 4-3. Во -68кг. по судиско изјаснување Ангела Мојсовска ја совлада Бојана Манева, додека во тешката категорија +68кг. приматот за најдобра и припадна на Драгана Тодоровска која во финалето ја совлада Ева Блажевска со 4-1. Во екипна конкуренција тимот на Макпетрол беше сигурен против екипата на Металург.

Во кати индивидуално во машка конкуренција и женска конкуренција титулите ги однесоа Ферри Исиќ и Пулекесенија Јованоска, додека екипно машкиот тимот на Гладијатор од Велес и женскиот на Ронин од Прилеп.

Државното првенство за сениори е првиот дел од делот за обезбедување репрезентативен статус за Европското првенство Нови Сад во мај месец. Вториот дел ќе биде балканското првенство кое ќе се одржи во Истанбул на 24 и 25 март, на кое право на учество ќе имаат првите четири пласирани каратисти на државното првенство од секоја категорија.

Диретктен пренос од натпреварите на државното првенство на Македонија можеа да се погледнат на официјалниот јутјуб канал на Македонскиот олимписки комитет. 

https://www.youtube.com/watch?v=SCjhhvLYCWk

https://www.youtube.com/watch?v=omHK7EmSmS8

Конечните резултати во секоја дисциплина можете да ги погледнете на следниот линк:
https://www.sportdata.org/karate/set-online/veranstaltung_info_main.php?active_menu=calendar&vernr=3773&ver_info_action=catauslist#a_eventheadend