< назад

Државно првенство за кадети, јуниори и помлади сениори У21

Во салата Методија Андонов Ченто во Скопје се одржа Државното првенство за кадети, јуниори и помлади сениори У21, на кој учествуваа вкупно 219 натпреварувачи од вкупно 44 клуба од Македонија.

На свеченото отворање свое обраќање имаа претседателот на Карате федерацијата на Македонија Драган Стојановски, диреткорот на Агенцијата за Млади и спорт Дарко Каевски и градоначалникот на општина Гази Баба Борис Георгиевски.

Стојановски изјави дека е горд на оваа генерација каратисти, од која произлезе и Фахик Весели кој го освои бронзениот медал на МОИ во Буенос Аирес, кој е прв историски за Македонија на игрите.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски кој го отвори турнирот, вели дека каратетото и преку овие млади категории, докажува дека е еден најуспешните спортови во нашата држава и дека одличната соработка која ја имаат со КФМ ќе продолжи и понатаму.

Градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски ги поздрави присутните и на сите натпреварувачи им посака среќа и успех на турнирот.

Целосните резултати од Државното првенство за кадети, јуниори и помлади сениори У21 можете да ги проследите на следниот линк:

https://www.sportdata.org/karate/set-online/veranstaltung_info_main.php?active_menu=calendar&vernr=4270#a_eventhead