< назад

Државно првенство за деца на Македонија за 2018

Во спортската сала Јасмин во Кавадарци се одржа Државното првенство на Македонија за деца, на кое учествуваа 283 натпреварувачи од вкупно 49 клуба.

Карате федерацијата на Македонија турнирот го организираше според највисоките стандарди со учество на 6 светски и 5 европски судии, како и  гостите судии од светскиот врв. Врховниот судија на турнирот Словенецот Примож Дебенак и Нермин Бабиќ од Босна и Херцеговина.

Салата Јасмин и Кавадарци како град допринесоа за високиот квалитет на турнирот и ја потврдија довербата да бидат домаќини. 

На Државното првенство беше присутен и претседателот на Карате федерацијата на Македонија, Драган Стојановски, во друштво на голем број истакнати личности од спортот во Македонија.

Државното првенство беше изборен турнир за учество на Балканскиот шампионат кој ќе се одржи во Србија во периодот од 27 до 29 април.

Резултатите од Државниот турнир за деца можете да ги проследите на следниот линк:

https://www.sportdata.org/karate/set-online/veranstaltung_info_main.php?active_menu=calendar&vernr=3849