< назад

Државен турнир за сениори

Во спортската сала Јордан Мијалков во Штип се одржа Државниот турнир за сениори на Македонија, на кој учествуваа 56 натпреварувачи од вкупно 25 клуба.

На турнирот како што е вообичаено на ваквите натпреварувања во последните неколку години покрај врвните македонски судии, беа шестмина странски судии со највисока Светска лиценца предводени од претседателот на Европската судиска комисија Алоис Висбек.

На отворањето свое обраќање имаа претседателот на Македонскиот олимписки комитет д.р. Васил Тупурковски и градоначалникот на општина Штип Благој Бочварски. 

Тупурковски во својот говор испрати пофалби до КФМ, како една од најдобрите федерации во Македонија и федерација од која се очекува и норма за претстојните олимписки игри кои ќе се одржат во Токио во 2020 година. 

Бочварски го прогласи Државниот турнир за отворен и изрази задоволство што КФМ повторно ја додели улогата технички организатор на Штип, град кој има врвни спортски резултати и град кој во Емил Павлов го има и Европскиот шампион од оваа година. 

Во машка конкуренција во -60кг. златото го освои Ардит Марку кој во финалето беше подобар од Албион Идризи. Во -67кг. титулата му припадна на Давид Петков пред Константин Василевски. Најдобар во -75кг. беше Азиз Исмаил кој го совлада Доан Османи. Берат Јакупи стана шампион во -84кг, откако во финалето поради Шикаку Петар Спасеновски  -84кг. беше дисквалификуван, а во +84кг. златото му припадна на Мартин Несторовски пред Жарко Арсовски. 

Кај дамите во најлесната категорија во финалето Сара Радичевска ја совлада Драгана Манговска. Во -55кг. Јована Георгиева беше подобра од Симона Заборска. Сестрите Наташа и Моника Стефановска беа најдобри во своите категории. Во -61 Наташа беше подобра од Вероника Костовска, а во -68кг. Моника ја совлада Ангела Мојсовска. Во тешка категорија кај дамите шампион беше Николина Милорадовска. 

Во ката индивидуалните злата им припаднаа на Пулексенија Јованоска и Ферри Исиќ, а пак екипно во машка конкуренција златен беше тимот на КК Гладијатор. 

Директен пренос од Државниот турнир за сениори на Македонија одеше на официјалниот јутјуб канал на Македонскиот олимписки комитет: 

https://www.youtube.com/watch?v=H24VqVk6Udg

Конечен пласман по категории: 

-50кг. (жени)

1. Сара Радичевска 

2. Драгана Манговска 

3. Афродита Димитрова 

3. Верона Ајдини 

-55кг. (жени) 

1. Јована Георгиева 

2. Симона Заборска 

3. Моника Пендаровска 

3. Сара Крстевска 

-61кг. (жени) 

1. Наташа Стефановска 

2. Вероника Крстевска 

-68кг. (жени) 

1. Моника Стефановска 

2. Ангела Мојсовска 

3. Бојана Манева 

+68кг. (жени) 

1. Николина Милорадовска 

-60кг. (мажи) 

1. Ардит Марку 

2. Албион Идризи 

-67кг. (мажи) 

1. Давид Петков 

2. Константин Василевски 

3. Мартин Стојменов 

3. Ненад Келебиќ 

-75кг. (мажи) 

1. Азиз Исмаил 

2. Доан Османи 

3. Петар Заборски 

3. Фисник Агуши 

-84кг. (мажи)

1. Берат Јакупи 

3. Наум Јованов 

3. Виктор Крстевски 

+84кг. (мажи) 

1. Мартин Несторовски 

2. Жарко Арсовски 

3. Игор Ѓоргев 

3. Филип Коцевски