< назад

Драгана Манговска и Вероника Костовска 5-ти на Европското првенство во Сочи

Драгана Манговска и Вероника Костовска освоија 5. место на последниот ден од Европското првенство во Сочи Русија, во кое свој настап имаа каратистите во старосната граница помлади сениори У21.

Манговска во натпреварот за бронза во категоријата кумите -50кг. беше поразена од Инес Грдениќ од Хрватска со минимални 1-0. Претходно во репасажот таа беше подобра од Кармен Клемент од Унгарија со 2-1. Во главната фаза Манговска во 1. коло беше слободна, во 2. беше подобра од Португалката Сара Леал со 3-0, додека во 3. коло поради прв освоен поен загуби од Надија Моралес Гомез.

Костовска во категоријата кумите -61кг. во борбата за 3. место загуби од Французинката Гведолин Филип со 5-1. Претходно во репасажот беше подобра од Сара Елварт од Полска со 6-0. Во главниот ждреб Костовска во 1. коло ја победи Марјам Закоми од Данска со 6-0, додека во 2. коло загуби од Алисон Берна од Луксембург со минимални 1-0.

Во категоријата кумите -67кг. Константин Василевски беше сопрен во 3. коло, по судиско изјаснување од Емин Мусановиќ од Босна и Херцеговина. Во претходните две кола, Василевски беше подобар од Шпанецот Сами Анкул Енкаили со 2-1 и по судиско изјаснување го совлада Александр Гутник од Русија.

До 3. коло стигна и Ангела Мојсовска во категоријата кумите -68кг. Мојсовска во својата прва борба беше подобра од Анастасија Џиачкова од Белорусија со 5-1. Во 2. коло поради прв освоен поен ја совлада Летонката Алина Корнишова, додека во 3. коло загуби од Германката Маделин Шротер со убедливи 6-0.

Петар Спасеновски во категоријата помлади сениори -84кг. стигна до 2. коло, каде беше поразен откако неговиот противник Германецот Марсел Баун прв освои поен. Во 1. своја борба Спасеновски беше подобар од Мурад Балакшиев од Азербејџан со 6-5.

Во 2. коло својот настап го заврши и Ардит Марку во категоријата -60кг. својот настап го заврши во 2. коло, откако беше поразен од Летонецот Леонардс Кузминс со 4-1. Во 1. коло Марку беше слободен.

Кај дамите во категоријата помлади сениори -55кг. во 2. коло беше сопрена Моника Пендаровска, откако поради прв освоен поен беше поразена од Германката Гизем Бугур. Во 1. коло Пендаровска беше слободна.

Во 1. коло во кумите -75кг. својот настап го заврши Доан Османи кој беше совладан од Русинот Беслан Мизов со 6-4.

Карате репрезентацијата на Македонија Европското првенство во Сочи го завршува со 1 сребрен медал, оној на Фахик Весели во конкуренција на кумите јуниори -61кг, како и 4. петти места на Марио Свинарски, Столе Смилковски, Драгана Манговска и Вероника Костовска.