По предлог на претстедателот на Kарате федерација на РС Македонија, г. Петар Белистојаноски и подржано од членовите на извршниот одбор, изгласано е ЦЕЛОСНО финансирање од страна на федерацијата на натпреварувачите-репрезентативците кои ќе учествуваат на светското првенство за кадети, јуниори и помлади сениори У21, кое ќе се одржи од 26-30.10.2022 во Коња, Р. Турција.