< назад

Четири олимписки стипендии за македонските каратисти

Македонскиот олимписки комитет утре ќе додели стипендии кои се финансирани од Меѓународниот олимписки комитет, на спортисти кои имаат потенцијал да ги подобрат своите перформанси, со цел за овозможување подобри услови за борба за олимписка норма за Летните олимписки игри во Токио 2020. 

На листата на на стипендисти се четири карате репрезентативци на Македонија, Берат Јакупи и Емил Павлов во кумите во машка категорија и Наташа Стефановска во кумите и Пулексенија Јовановска во кати во женска конкуренција. 

Ова за Карате федерацијата на Македонија е уште едно големо признание за успешната работа во континуитет. Особено, во последната деценија во која Република Македонија ги постигнува најголемите резултати во каратето, кој и според бројот на олимписките стипендии е лидер во македонскиот спорт.

Свеченото потпишување на стипендиите ќе се одржи во Хотел Парк во Скопје со почеток во 10ч.