< назад

Бронзен медал за Петар Спасеновски на Европското сениорско првенство

Еден од најдобрите македонски каратисти, го освои бронзениот медал на Европското првенство кое се одржа во Газиантеп, Турција. Тој во борбата за бронзата во категоријата до 84 килограми го победи Мурат Оз со резултат 2-0.

Претходно македонскиот каратист беше на чекор до финале, но во полуфиналната борба беше поразен од хрватот, Енис Гарибовиќ со 3-0. Претходно на патот до полуфиналниот меч, Спасеновски беше подобар од Лука Ретенбахер од Австрија (3-0), Мерис Муховиќ од Босна и Херцеговина (1-0) и Ибањез Сајнц-Торе од Шпанија (3-2).

Вероника Костовска во категоријата до 61 килограм кај дамите не успеа да ја освои бронзата откако беше поразена во борбата за трето место од Лаура Сиверт од Франција со 6-3, со што го освои петтото место.

Резултати Европско првенство:

-55 кг (женски)
Марија Милева – Јакан Туба (Турција) 3-2
Марија Милева – Вероника Брунори (Италија) 0-1

-61 кг (женски)
Верника Костовска – Ана Мигу (Германија) 0-7
Репасаж
Верника Костовска – Антеа Стиланиу (Кипар) 6-2
Верника Костовска – (Киа Копонен) Финска 3-0
За борнза
Вероника Костовска – Лаура Сиверт (Франција) 3-6

-68 кг (женски)
Ангела Мојсовска – Лина Летонен (Финска) 6-0
Ангела Мојсовска – Несрин Бужрин (Белгија) 6-1
Ангела Мојсовска – Мирослава Копунова (Словачка) 0-8
Репасаж
Ангела Мојсовска – Анита Макјан (Ерменија) 2-3

-60 кг (машки)
Фахик Весели – Алиреза Хосеини (Шведска) 4-0
Фахик Весели – Ерај Садман (Турција) 0-1
Репасаж
Фахик Весели – Флориан Хас (Германија) 1-1

-67 кг (машки)
Давид Петков – Васил Ризов (Бугарија) 0-1

-75 кг (машки)
Глигор Хаџи Кимов – Красен Николаев (Бугарија) 1-0
Глигор Хаџи Кимов – Димитриос Столис (Грција) 1-0
Глигор Хаџи Кимов – Габор Хаспартаки (Унгарија) 3-2
Глигор Хаџи Кимов – Луиџи Буза (Италија) 2-5

-84 кг (машки)
Петар Спасеновски – Лука Ретенбахер (Австрија) 3-0
Петар Спасеновски – Мерис Муховиќ (Босна и Херцеговина) 1-0
Петар Спасеновски – Ибањез Сајнц-Торе (Шпанија) 3-2
Полуфинале
Петар Спасеновски – Енис Гарибовиќ (Хрватска) 0-3
За бронза
Петар Спасеновски – Оз Мурат (Турција) 2-0 (1-0, 2-0)

+84 кг (машки)
Берат Јакупи – Робин Ретенбахер (Австрија) 1-0
Берат Јакупи – Тома Коса (Словачка) 0-1

Мажи кумите
Македонија – Шпанија 1-3

Жени кумите
Македонија – Словачка 1-2
Македонија – Босна и Херцеговина 1-2

Кати
Пулексенија Јованоска 22,16 – петта во група 4, 21-во место
Кристија Бајовски 22,66 – петти во група 4, 17-ти место
Ката тим мажи 22,52 – трети во група 1, 7-мо место