< назад

Бронзен медал и две петти места од настапот на нашите кадети и јуниори на Европското првенство за кадети, јуниори и У21

На денешниот настап на Европското првенство за кадети, јуниори и помлади сениори (У21) што се одржува во Будимпешта, нашиот јуниор Бојан Костов со пет победи и еден пораз освои бронзен медал, во категоријата кумите -55 кг. По минатата година во која беше европски кадетски вицешампион и освојувач на бронзен медал на светското првенство за кадети, Бојан и во своето прво големо натпреварување како јуниор успеа да се избори за медал, што е потврда на неговиот талент. Во првото коло тој беше подобар од Полјакот Шпранцел со 1:0, со ист резултат го победи Малатурас од Кипар во второто коло. Во третото коло беше убедлив во мечот со французинот Мезиан со 4:1, а во четвртото коло беше поразен од Хусеинов од Азербејџан со 0:1. Во репасажните борби Бојан ги совлада Куерва Мора од Шпанија со 2:1 а во борба за бронзениот медал со судиско изјаснување го совлада Стојанов од Бугарија.  .  

Стефан Стојановиќ денес со четири победи и два пораза го освои петтото место во категоријата кумите јуниори -76 кг.

Забележителен настап имашe и Магдалена Божиновска која го освои седмото место.

Во текот на вчерашниот ден успешен настап имаше и Матеј Белистојаноски кој во категоријата кадети -52кг го освои петтото место.

Сите резултати од Европско првенство во Будимпешта може да ги најдете на следниот линк:

https://www.sportdata.org/wkf/set-online/veranstaltung_info_main.php?active_menu=calendar&vernr=378#a_eventhead